Изгледа дека Samsung Odyssey G9 наскоро ќе добие конкуренција, бидејќи во Кина е забележан нов закривен гејминг монитор на компанијата Acer. Според описот на производот, моделот ќе има спецификации кои ќе му парираат на подобрениот Odyssey G9 дисплеј.
Acer EI491CRG9 е 49-инчен монитор, со 1000R закривеност, 240Hz стапка на освежување, 1ms G2G одзив и 5120 x 1440p резолуција. Овој 32:9 закривен VA панел има 4000:1 контраст и 2000 нита осветлување, овозможувајќи му на мониторот поддршка од 95% од DCI-P3 спектарот на бои.
Како Samsung Odyssey G9, Acer EI491CRG9 е Nvidia G-Sync компатибилен и поддржува AMD FreeSync. Присутни се и VESA и DisplayHDR 2000 сертификати, а користи Mini LED технологија со 2048 „local dimming“ зони.
Од опциите на конекција, мониторот има два HDMI порта, два dva DisplayPort, а тука се и два звучника, приклучок за слушалки и 2x USB-A 3.0 портови. Acer EI491CRG9 се очекува во продажба од месец јуни.