Извршувањето на секојдневните обврски и процеси на најефикасен начин е еден од темелите за успех во деловниот свет. Модернизацијата им помага на компаниите од различни индустрии да ја зголемат својата ефикасност, што значи и поголем профит. За неколку години, главната поделба на бизнисите нема да биде на мали, средни и големи – туку на паметни бизниси и оние коишто не успеале навреме да се приспособат на промените на дигиталното време.
Следната иновација во индустрискиот свет е имплементирањето технологија за процесите коишто досега беа рачни и аналогни. Додека порано „дигитализацијата на работата“ подразбираше набавка на разни машини, печатачии електронски алатки, сега технологијата најде нов начин да им помогне на претприемачите. Ниту со тешка машинерија, ниту со комплексни софтверски системи и огромни трошоци, туку со едноставни и приспособени решенија коишто ќе го организираат работниот процес и ќе помогнат да се искористи целокупниот потенцијал на организацијата.
Тие заедно се познати под терминот дигитални услуги, а доаѓаат во различни форми и се користат за да ги заменат и унапредат досегашните стандардни работни практики. Неколку македонски компании веќе имаат позитивно искуство со дигиталните услуги и веќе ги воведоа како стандарден дел од својата работа.
„Овие нови технологии нудат можности за неверојатен раст во иднина, но секако потребна е претпазливост и одредено познавање за нивната примена. За ублажување на јазовите коишто можат да настанат како последица од игнорирањетона примената на новите технолошки решенија, потребно е да чекориме подготвено и да планираме каде сакаме да нè одведе нивната имплементација. Протокот на информации во иднина ќе се зголемува, а процесите ќе се усложнуваат. Затоа е важно навреме да се прифати дигитализацијата како решение на иднината“, вели Снежана Черепналковска – Дуковска, внатрешен ИТ ревизор во Народна банка на РСМ и член на Здружението на внатрешни ревизори во Македонија.
Одбирањето партнер за реализирање ИКТ услуги е исклучително важна одлука бидејќи се работи за вашата компанија, вашите податоци, успехот на вашиот бизнис и корисничкото искуство на вашите клиенти. Потребно е партнерот да е доверлив, одговорен и сигурен за да може да одговори на предизвиците, но и за да ви постави доволно цврста платформа на која ќе може да го надградите бизнисот. Македонски Телеком нуди целосна палета на дигитални услуги за вашата организација, без разлика дали се работи за мал, среден или голем бизнис. Почнувајќи од едноставните решенија како Квалификувани сертификати за електронски потпис, Microsoft Office 365, преку софистицираните решенија како Fleet Management, InOne, Виртуелен приватен сервер, Телеком може да ви помогне да го осовремените својот бизнис и да остварите предност предконкуренцијата, дури и да ги истражите сите можности во кои бизнисот може да порасне и најважно, да бидете спокојни затоа што вашите податоци се сигурни и достапни во секое време.
Дигиталната револуција на 21-ви век ни донесе огромен наплив на дигитални алатки и функционалности, коишто ја имаат моќта да ни го подобрат квалитетот на живот и работа, како и да го зголемат профитот, доколку се користат на правилен начин. Паметните претприемачи и организации веќе го направија првиот чекор кон прифаќање на дигиталната револуција којашто се случува околу нас. Сега вие сте на ред!
Поврзани артикли