Иднината на работните места, но и што донесе пандемијата за бизнисот, како се одрази врз работникот и какво е нејзинотовлијание во трансформацијата на работните места.
Ова е главниот фокус на четвртото издание на Форумот на добри компании, кое годинава ќе се случува преку онлајн платформата „Зум“, на 15 и 16 април во Скопје, (од 10 до 14 часот).
Настанот, кој е од регионален карактер, ќе понуди холистички поглед кон можната трансформативна промена на интерсекцијата – бизнис / институции / граѓанско општество.
Меѓу главните гости говорници ќе бидат менаџери на компаниите „Декатлон“ и „ИКЕА“, но, и истражувачи од Европа, со цел да се фрли светло на опциите преку кои бизнисот може да ја зголеми продуктивноста, компетитивноста, а во исто време, да направи и промена во општеството.
Лидерот за иновации во „Декатлон Јунајтед“, Чарли Фелгејт, своите искуства и визии за иновациите и бизнисот ги сподели и пред една година, со почетокот на пандемијата – за изданието на „Лице в лице“, посветено на улогата на социјалната економија во кокреирањето на новиот систем и на иднината.
На претстојниот Форум, Фелгејт ќе се осврне на пристапот во создавање нови деловни модели, неопходни на економијата после Ковид-19, но, со акцент и на позицијата на највредниот ресурс, луѓето.
Тој верува дека компаниите може да се променат ако луѓето сакаат да се променат. Односно дека е неопходно да се создадедијалог и емпатија со екосистемот. А за нив, тој екосистем се и купувачите и вработените.
– Очигледно е дека постои група луѓе кои сакаат да дејствуваатна надворешни работи што сите ги забележуваме, како климатски промени или социјални разлики, но во таа сфера малку дејствуваат во нивното професионално опкружување. Како колектив создаваме резултати што никој не ги сака. Луѓето всушност се обидуваат да одговорат на овие предизвици на соодветен начин во нивниот личен живот, станувајќи поодговорни, но поинаку постапуваат во нивниот професионален живот. Постои огромна инерција, која ги троши луѓето и прави да се чувствуваат немоќно и заглавени, вели Фелгејт.
Но, за среќа, додава тој, „генерацискиот феномен“ кој надоаѓа e сѐ позабележлив.
– Младите луѓе кои доаѓаат на интервју за работа, всушност ме испрашуваат мене, нивниот иден работодавач, за јаглеродните отпечатоци од нашата компанија. Тие јасно стваат до знаење дека дека нема да прифатат работа во компанија што штети и не работи на подобрување на влијанието врз животната средина! Сакаат да имаат значајна работа и значаен професионаленживот кој е целосно усогласен со нивниот личен живот. Затоа,треба да се промениме како компании и како менаџери. И тоа треба да го сториме сега. Во спротивно, другите компании ќе ги апсорбираат најдобрите луѓе, појаснува Фелгејт.
Говорник на овогодишното издание на Форумот ќе биде и Ан-Софи Гунарсон од „ИКЕА“, Иницијатива за социјални претпријатија, Шведска.
Таа ќе се осврне на природата на работа на социјалните претпријатија, кои, според неа, размислуваат долгорочно.
– Тие не размислуваат како да го зголемат профитот на нивните сопственици. Го градат својот деловен модел кој се справува соодреден социјален феномен и за кој треба време да се реши, па затоа треба да размислат долгорочно. Во согласност со тоа, вработуваат луѓе кои се чувствуваат сигурни и кои ќе останат сонив подолг временски период, можеби дури и цел живот. Тоа ни создава стабилност во ИКЕА. Ние сакаме да соработуваме со некого кој ќе биде на пазарот подолго време и ќе се справи сосоцијалните проблеми, почнувајќи потенцијално совработување на маргинализираните заедници. Штом лицето се интегрира правилно, тоа има тенденција да остане подолго и да биде поврзано со компанијата. Тој пристап, пак, носи стабилност на компанијата, а со тоа и позитивно влијание врз локалната заедница, вели Ан-Софи Гунарсон.
На Форумот ќе се отвори и прашањето како социјалното менторство – нетрадиционална иновација инспирирана одсоцијалните аномалии, се вклопува во иднината на работните места и во одржливиот економски пораст.
Соочени со еколошките предизвици и со неверојатните разлики во распределба на богатството, сите посакуваме да ја видиме светската економија во едно друго светло, вели Небојша Илијевски, контент директор на Форумот на добри компании.
– Светло во кое новиот мајндсет на бизнисите и на другите групи од интерес, како политичките, на пример, ќе сугерираат начин на оперирање што ќе ги адресира постоечките и ќе превенира создавање дополнителни проблеми во светот. Нo, неинтуитивна е промената која е неопходна за светската економија да го заземе овој, нов курс на делување. Во основата на оваа промена не е технологијата, како што би можеле да очекуваме. Напротив, во основата на потребната промена е проманата на индивидуално ниво. Промена на местото од кое сите ние, но, особено донесувачите на одлуки, во пред сѐ деловниот и институционалниот сетап, оперираат, вели Илијевски.
Настанот „Форум на добри компании“ го организира Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, во партнерство со Германското друштво замеѓународна соработка (GIZ – www.giz.de). За прв пат е инициран 2016 година како настан кој на едно место ги обединува компаниите, институциите и граѓанскиот сектор, главните засегнати страни за креирање позитивна општественапромена.
Учеството на Форумот е бесплатно. Линк за регистрација: http://bit.ly/2OVKYyQ
Агенда на настанот
Потврдени говорници:
• Чарли Фелгејт, лидер за иновации, „Декатлон“, Франција
• Ан-Софи Гунарсон, „ИКЕА“, Иницијатива за социјалнипретпријатија, Шведска
• Анете Скопета, заменик директорка, Европски центар засоцијална заштита, Австрија
• Даниела Зампини, постара специјалистка за вработување, Меѓународна организација на трудот
• Карел Вандерпортен, претставник на Европска комисија
• Вим ван Амел, косопственик, „Ај Диверсо“, Белгија
• Елиах Родман, „My Interview“, Израел
…и многу други!
Форумот ќе се одвива на англиски јазик. Обезбеден е симултанпревод на македонски, српски и на албански јазик.
За дополнителни информации контактирајте со нас на следнаваадреса: [email protected]