Глобалната испорака на компјутери, вклучувајќи ги и традиционалните десктоп уреди, лаптопи и работни станици, забележа годишен раст од 55,2 проценти во текот на првиот квартал на 2021. година, се вели во истражувањето на аналитичката фирма IDC.
Остварена е испорака од над 84 милиони компјутери на глобално ниво, што претставува помал пад од осум проценти во однос на четвртиот квартал od 2020. година. Додека секвенцијалните падови на испорака се вообичаени за првите тримесејча, толку мал пад не е забележан од 2012 година, кога пазарот на компјутери имаше пад од 7,5 проценти во текот на првите три месеци.
Константниот препород на пазарот на компјутери, како и зголемувањето на просечните продажни цени, првенствено е предводено од растот во гејминг сегментот, како и потребата од лаптопи за деловна и еукативна употреба.
Подетален преглед на состојбата на пазарот на компјутери можете да погледнете во извештајот IDC на следниот ЛИНК.
Поврзани артикли