Oд вчера Данска почна со користење ковид-пасоши за внатрешна употреба.
Целта, како што се наведува, е да им се помогне на несуштинските компании повторно да се отворат кон клиентите. Ковид-пасошот е за луѓе што се целосно вакцинирани, биле позитивни на Ковид-19 пред две до 12 недели или имаат негативен ПЦР-тест во претходните 72 часа.
Данското Министерство за правда предупреди дека компаниите што ќе дозволат влез за клиенти без соодветен ковид-пасош ќе бидат казнети со 400 евра или 6.000 евра за повторени прекршувања, а клиентите ќе бидат казнети со 330 евра.
Данска е меѓу првите земји во Европа што спроведува ваков систем.