Philips додаде два нови монитори во својата Momentum гејминг серија. Се работи за Momentum 275M8RZ QHD за 1440p гејминг и Momentum 345M2CRZ, кој нуди ултраширока резолуција и однос на страници.
Philips 275M8RZ има 27-инчен IPS панел, со 165Hz брзина на освежување, QHD резолуција и 4ms G2G одзив. Десетбитниот (8-бит + FRC) панел има 95% покриеност на DCI-P3 опсегот на бои и 130% sRGB спектар. Го краси VESA DisplayHDR 400 сертификација, 350 нита осветлување и контраст 1000:1.
Овој 27-инчен монитор поддржува Nvidia G-sync/Adaptive sync за спречување на кинење на екранот и има flicker-free технологија и LowBlue режим за намалување на напрегањето на очите. Од опциите за конекција достапни се 2x HDMI 2.0 портови и DisplayPort 1.2. Тука е и 3,5 мм приклучок.
Кога станува збор за Philips 345M2CRZ, ова е 34-инчен закривен (1000R) VA панел, со UWQHD резолуција, брзина на освежување од 165Hz и 4ms G2G одзив. Во прашање е 8-битен панел, кој опфаќа 89 проценти од DCI-P3 опсегот на бои и 119 проценти од sRGB спектарот. Мониторот поддржува HDR, 4000:1 контраст и има осветленост од 300 нита.
Присутни се Adaptive sync, flicker-free технологија и LowBlue режим . Дополнително, овој модел поддржува PIP/PBP режим, овозможувајќи им на корисниците да имаат повеќе видео излези од различни извори. На задната страна се наоѓаат два HDMI порта, две DisplayPort приклучока и 3,5 мм порт.