Русија го потврди продолжувањето на Договорот за соработка во вселената со САД до крајот на 2030 година, соопшти денеска прес-служба на руската Влада.
– Договорот меѓу Русија и САД за соработка во истражување на вселената и користење на вселената во мирновременски цели ќе биде во сила до 31 декември 2030 година, се вели во соопштението на руската Влада.
Руско-американскиот договор за соработка во вселената, склучен во 1992 година, досега е продолжуван четири пати.
Поврзани артикли