Motorola објави голем број телефони во текот на 2021. година, од прифатлив премиум модел со чип Snapdragon 870, до неколку буџетски телефони од Moto G серијата. Се чини дека компанијата не планира да запре, а сега се појавија рендери за Moto G60, како и моделот Moto G20.
Првите детали за Moto G60 моделот се појавија порано во текот на март, а рендерите потврдуваат дека Motorola менува некои работи со овој модел кога станува збор за дизајнот. Наместо исечоците што ги видовме кај моделите Moto G50 и G30, Moto G60 ќе има дизајн со punch-hole отвор во центарот на екранот.
#MotoG60 & #MotoG20
Moto G60 specs
-108MP triple rear camera
-Rear mounted fingerprint scanner
-Single punch hole front camera
Moto G20 Specs
-Quad rear camera
-Rear mounted fingerprint scanner
-Waterdrop notch pic.twitter.com/Z6ti5iFrUX— Abhishek Yadav (@yabhishekhd) March 31, 2021
Moto G60 пристигнува во Европа со 108MP главна камера на задната страна, а тука е и ултра-широката камера од 8MP и сензор за длабочина од 2MP. На предната страна ќе има селфи камера од 32MP.
Телефонот се очекува со 6,78 инчен FHD+ екран и брзина на освежување од 120Hz, а ќе се напојува од батерија од 6.000mAh. Ќе биде достапна само една опција за меморија и складирање: 6GB + 128GB.
Се појави и фотографија од моделот Moto G20, а овој модел пристигнува со исечок за селфи камерата, а ќе има четири камери и сензор за отпечатоци од прстите лоцирани на задната страна.
Извор: Benchmark.rs