За неколку месеци треба да започне првата фаза од клиничките испитувања на вакцината во облик на таблета.
Вакцината против ковид-19 во облик на таблета би требало за неколку месеци да започне со првата фаза од клиничките испитувања односно тестирање на луѓето.
Компанијата „Оравакс“ соопштила дека се надева дека до јуни ќе се започне со клиничките тестирања на новите вакцини во форма на таблети. Инаку, ова е заеднички проект на израелско-американска фирма и индиска фирма.
Предноста на оралните вакцини е тоа што е полесна за примена, побрзо се произведува и поедноставно се дистрибуира.
Имено, вакцината против ковид-19 во облик на таблета би можело луѓето сами да ја консумираат – дома. А, истата може да се транспортира и во обичен фрижидер и да се чува на собна температура. Дополнително би било полесно за примена кај оние луѓе кои што се плашат од игли во текот на вакцинацијата.
Засега нема јавно објавени податоци за досегашното тестирање на таквите вакцини.
„Резултатите од испитувањата на животните се охрабрувачки“, изјавил за „Бизнис инсајдер“ докторот Пол Хантер од универзитетот East England.
„Но, треба да бидеме внимателни. Охрабрувачките резултатит од тестираните животни не значи дека тие можат да се „копираат“ на луѓето, за тоа се потребни клинички испитувања“, додал докторот.
Кон крајот на 2020 година, компанијата „Ваксарт“, соопштила дека добрите резултати од тестирањето на нивната орална вакцина против коронавирусот на животните, но првите испитувања на луѓето биле разочарувачки.
Различни фази на тестирање
Испитувањето на вакцината или пак лекот во лабораторија или на животни е најраната фаза за развој на вакцина.
За да биде одобрена, вакцината мора да помине низ три фази од клинички испитувања односно тестирања на луѓето.
Во првата фаза учествуваат помал број на испитаници, вообичаено меѓу 20 и 100, на тој начин се утврдува прелиминарниот процент на безбедност или ефикасност на вакцините.
Во втората фаза ефикасноста од вакцината се тестира на поголем број испитаници, вообичаено од 50 до 300 луѓе, па се анализираат различните начини на имунизација, односно примените дози.
Во третата фаза учествуваат најголем број на испитаници – од 100 до 10.000, во зависност за која болест се развива лекот или вакцината.
Поврзани артикли