Маневарот е изведен првпат во историјата на руската Воена морнарица, на вежбите „Умка-21“ минатата недела, пишуваат руските медиуми.
Корисниците на социјалните мрежи од разни земји ги анализираат снимките од вселената на кои се гледа како на Арктикот кршејќи го дебелиот мраз испловуваат три руски подморници.
Нуклеарните подморници го скршија мразот дебел метар и половина и истовремено се појавија на површината.
Тоа се случи, како што наведува порталот на телевизиската станица „Ѕвезда“, првпат во историјата на руската Воена морнарица, во текот на вежбите „Умка-21“ што се одржаа минатата недела. Како што истакнуваат корисниците на интернетот, руските подморничари покажале голем потенцијал и одлично ги извеле маневрите.
Снимката од вселената ја презентираше американската фирма Maxar Technologies.
Извор: Russia Beyond
Поврзани артикли