Листата на тестови за камери на DxOMark сајтот има нов шампион. Во прашање е најновиот Xiaomi Mi 11 Ultra, кој според перформансите и резултатите го надмина досегашниот водечки телефон (Huawei Mate 40 Pro+) за четири поени.
Xiaomi Mi 11 Ultra на тестот постигна вкупно 143 поени, со што за 10 поени го надмина претходниот премиум модел на кинеската компанија – Mi 10 Ultra.
Тимот на DxOMark ги направи сите тестови, но не стигна да напише рецензија за камерите пред објавата на Mi 11 Ultra моделот. Во секој случај, резултатите покажуваат дека Mi 11 Ultra севкупно го надминува моделот Mate 40 Pro+ на Huawei
Телефонот доби 148 поени за фотографирање, 100 поени за зумирање и 117 поени за видео. Во споредба со ова, Mate 40 Pro+ во истите категории забележа 144, 98 и 115 поени.
Системот на задниот дел на Mi 11 Ultra се состои од три камери со висока резолуција. Тука е 50MP широкоаголната камера (сензор 1/1.12 “, 1,4μm големина на пиксели, f / 1,95 отвор на бленда) со поддршка за OIS, dToF ласерски фокус и ноќен режим; 48MP ултра широкоаголна (128° FOV, f/2.2 отвор на бленда) и 48MP телефото со поддршка за 5x оптичко, 10x хибридно и 120x дигитално зумирање. Сите камери имаат поддршка за снимање на 8K видео.
Сите три леќи поддржуваат 8K @24fps видео, обезбедувајќи одличен квалитет на слика и точен, динамичен приказ на светлината и сенките. Камерите посебно се истакнуваат кога снимаат во ноќни услови и при слаба осветленост, барем кога станува збор за она што може да го видиме за време на презентацијата на Xiaomi.
Поврзани артикли