Прв пат во историјата три руски нуклеарни подморници испловиле истовремено од под арктичкиот мраз.
Министерството за одбрана на Русија, објавило видео на кое се гледа испловувањето како дел од вежбата на морнарицата.
На снимката се гледаат три подморници, кои се наоѓаат на оддалеченост од околу 300 метри, како полека испловуваат кршејќи го 1,5 метри дебелиот мраз на северот на земјата.
Вежбата била одржана во близина на Александровиот остров.