Моментално руската вакцина Спутник V против коронавирусот поминува низ процедура на постепена експертиза во европскиот регуларот за лекови.
ЕУ би требало да ја купи руската вакцина против коронавирусот – Спутник V, чија ефикасност е потврдена, пренесува германскиот весник „Handelsblatt“, додавајќи дека за тоа постојат три причини.
Матијас Брухман наведува дека првата причина за тоа е тоа што купувањето на руската вакцина би ја ублажила напнатоста во односите меѓу Русија и ЕУ.
Второ, многу од луѓето му веруваат на рускиот претседател Владимир Путин отколку на европските политичари и сакаат да се вакцинираат со руската вакцина против коронавирусот, а тоа би довело до неопходниот колективен имунитет, додава новинарот.
„Русија врз основа на научното население е способна да постигне големи успеси во медицината, што е докажано уште од времето на Советскиот Сојуз. Источна Германија благодарение на вакцините успеала да искорени болести и претходно“, потсетува германскиот новинар.
Третата причина поради тоа што ЕУ треба да ја купи руската вакцина, според мислењето на Брухман е фактот што тоа е главната работа во борбата против пандемијата – да се користи тоа што навистина помага.
Тој потсетува дека Спутник V сакаат да ја купат и поедини премиери од германски сојузни држави, како и претставници на федерални влади. Доколку ЕУ го блокира купувањето на руската вакцина, со набавката директно треба да се занимава Берлин, смета Брухман.
„Тоа е исправно барање. Исто така исправно е да се направи тоа што е можно побрзо. Како и со случајот со западните вакцини, договор се составува пред Европската агенција за лекови (ЕМА) да ја регистрира вакцината. ЕМА сега ја проверува Спутник V, а Унгарија и Словачка веќе ја користат вакцината по регистрацијата на национално ниво, заклучил новинарот.
Да ве потсетиме, моментално руската вакцина против коронавирусот ја поминува процедурата на експертиза во европскиот регулатор за лекови – ЕМА. Таа процедура претходи на формалното барање на ЕМА за регистрација на вакцината на пазарот на ЕУ.
Извор: Srbija Danas
Поврзани артикли