Компанијата TCL во текот на MWC 2019 саемот го прикажа концептот на DragonHinge механизмот за флексибилни дисплеи, а минатата година демонстрираше телефон со дизајн на екран што тројно се преклопува, како и модел со екран што се развлекува за да стане поголем. Она што досега не сме го виделе е телефон што имплементира екран со овие две карактеристики, а TCL би можел да го покрие и овој сегмент.
Врз основа на фотографии од CNET, компанијата работи на телефон што може да се прошири во таблет формат, но наместо да се користат два механизма за преклопување или свиткување на дисплејот, уредот ги нуди двете функции. Дел од дисплејот се свиткува зад уредот, а кога ќе се отвори, другиот дел од дисплејот може да се извлече/одмота од другата страна, дополнителни зголемувајќи ја површината на екранот.
CNET известува дека фотографиите на уредот ќе бидат прикажани за време на настан во април, каде што TCL во целост ќе ја претстави и својата TCL 20 серија, која беше најавена во текот на CES 2021. Уредот во моментов е само концепт и нема информации дали некогаш ќе се појави на пазарот.