18 студенти од Академијата за дигитален маркетинг во текот на викендов ќе се натпреваруваат на дводневниот Хакатон што го организираат Seavus едукативниот и развоен центар (СЕДЦ) во соработка со Елемент ПР.
Студентите преку идејни решенија ќе креираат маркетинг кампањи за поголема промоција на Академијата. Најдобриот тим ќе добие парична награда, а во следниот период кампањата ќе биде во целост реализирана од Seavus едукативниот и развоен центар.
Центарот СЕДЦ е основан во 2010 година и претставува најголемата Академија за дизајн и технологија во Македонија каде досега завршиле над 5000 студенти.
Во рамки на едукативниот центар успешно дејствуваат Академиите за програмирање, компјутерски мрежи и дизајн, а веќе во академската 2020/2021 година се отворени и две нови насоки за кои се покажа голем интерес, а тоа се Академијата за дигитален маркетинг и Академија за дизајн.
Поврзани артикли