OnePlus во јануари го претстави својот прв уред за носење – OnePlus Band, а својот прв паметен часовник ќе го објави на 23 март. Извршниот директор на компанијата, Питер Лау потврди дека уредот го носи името OnePlus Watch, како и дека нуди непречена конекција помеѓу уредите на OnePlus, вклучувајќи ги телефоните, аудио периферните уреди, паметни носечки уреди и паметни телевизори.
Лау истакнува и дека OnePlus Watch ќе има „исклучителен и ненаметлив дизајн“, и иако паметниот часовник сè уште не е откриен во целост, твитот од официјалниот профил на OnePlus потврди дека уредот ќе има кружен дизајн, веројатно со големина од 46 мм.
Покрај тоа, Лау откри дека OnePlus Watch нема да ја користи Google Wear OS платформата, а наместо неа, доаѓа со оперативен систем базиран на RTOS, за кој компанијата верува дека нуди флуидно и безбедно сигурно искуство, со зачувување на долгото траење на батеријата.
Беше споменато и дека паметниот часовник ќе има бројач на чекори и опција за следење на работата на срцето. Гласините сугерираат дека ќе биде достапен во црна и сребрена боја и ќе има 4GB простор за складирање.
OnePlus Watch се очекува во стандардна и LTE варијанта, а ќе може да се користи и како далечински управувач за OnePlus телевизорите. Тука е и Warp Charge технологијата, која за 20 минути полнење му овозможува седмодневна работа на часовникот.