Причината за блокирањето на странски апликации во Кина не е позната, но најверојатно станува збор за сомнеж поради шпионски активности.
Google и Facebook апликациите одамна не се достапни во Кина, а сега им се придружи и Signal. Пристапот до оваа апликација во Кина е оневозможен, поради што е достапна само преку VPN мрежа.
Апликацијата Signal и понатаму е достапна за преземање од App Store во Кина, но пораките кои корисниците ги праќаат по преземањето воопшто не пристигнуваат онаму каде што треба, што значи дека кинеската влада го забранила пристап до оваа апликација. Исто така, забранета е и веб-страницата на Signal во Кина.
Кинеската влада со овој потег ја нагласува се поголемата интернет цензура во државата, а последен кој се најде на удар е Signal.
Оваа апликација во последно време стана многу популарна, најмногу поради новите правила за приватност воведени од WhatsApp.
Сигнал досега беше една од ретките западни апликации кои во Кина беа достапни без употреба на VPN, но се чини дека растот на бројот на корисници на оваа апликација во Кина го привле;e вниманието на кинеските власти, кои се одлучија да ја забранат апликацијата. Кинеските власти се уште официјално не се огласија по ова прашање.