Тимот археолози од Франција и Норвешка во пустина на запад од Египет открил остатоци од христијански манастир од 5-ти век, кој што дополнително ќе придонесе да се стекне увид во секојдневниот живот на монасите во тој период.
„Француско-норвешкиот тим открил рушевини на локацијата Тал Гануб каср ал-Агуз во оазата Бахарија. Станува збор за неколку базални градби, во една структура изрезбана во карпата и неколку објекти изградени од кал“, соопштило египетското министерство за антиквитети.
„Манастирскиот комплекс е составен од шест сектори во кои што биле изградени три цркви, монашки ќелии и ѕидови со симболи кои што носат обележје од египетски Копт“, изјавил Осама Талат началник на одделението за исламски, коптски и еврејски антиквитети во министерството.
Според зборовите на Виктор Гика, водач на археолошкиот тим, на ѕидовите од црквата се испишани религиозни пораки и цитати од Библијата на грчки јазик кои што ја „откриваат природата на монашкиот живот во тој дел од светот и го докажуваат нивното присуство во 5-от век“.
Египетските власти во последните неколку месеци соопштиле вести за откритие на неколку археолошки локации, надевајќи се дека со тоа ќе ја унапредат нивната туристичка понуда.