Експертите оваа појава ја нарекуваат „ковид рака“, а дерматолозите тврдат дека таквата реакција е нормална.
Црвениот осип на рацете, односно осипот на местото на вбризгување на вакцината или т.н. „ковид рака“, е сè почеста реакција кај луѓето кои ја примиле вакцината „Модерна“.
Списанието „The New England Journal of Medicine“, објавило многубројни фотографии – како изгледаат различните случаи на осип кај луѓето.
Сепак, докторите нагласуваат дека стравот од осипот не е причина еден човек да не се вакцинира против коронавирусот.
Д-р Шерли Чи, дерматолог, забележала осип кај своите пациенти.
„Сите реакции беа на вакцината на „Модерна“, а експертите не се сигурни зошто таа вакцина ја предизвикува реакцијата“, изјавила Чи, пренесува „6abc“.
Таа тврди дека реакцијата е нормална и дека нема причина некој да се откаже од вакцинацијата против ковид-19 поради страв од осип. Докторката нагласила дека доколку било кој добие сличен осип на рацете, само треба што побрзо да се јави на доктор.
Осипот во одредени случаи се појавува дури осум до десет дена од примањето на дозата вакцина.
„Неколку од моите пациенти имаа таква реакција. Еден од нив на местото каде што се вбризгува вакцината имаше оток и осип, дури десет дена по примање на вакцината“, изјавила Чи.
Таа исто така вели дека црвенилото едноставно се лечи со антихистамини или пак понекогаш со антиинфламаторни лекови. Важно е да се јавите на доктор навреме!
Извор: Telegraf.rs