По неодамнешниот успех при слетувањето на Марс, кинеската вселенска агенција најави нова амбициозна цел, 11 мисии и испраќање астронаути во вселената во следните две години.
Јанг Ливеј, првиот кинески астронаут што патувал во вселената и сегашен член на Националниот комитет на CPPCC на Конференцијата за политички консултации, ги соопшти новостите и го објасни густиот распоред на плановите за вселенски летови за брза изградба на нова кинеска орбитална станица.
Претстојните мисии вклучуваат лансирање на главниот модул на вселенската станица во орбитата – лабораторија за експерименти, вселенско летало со екипаж, а потоа ќе бидат испратени и 12 астронаути. Целта на Пекинг е да ја претстави својата прва постојана вселенска станица во 2022 година.
Јанг ги охрабри младите Кинези да ѝ се приклучат на кинеската вселенска програма, која во октомври лани ја заврши својата трета кампања за регрутирање астронаути. Програмата за обука на астронаутите вклучуваше 17 мажи и една жена.
За последната програма можеа да аплицираат и цивили, за разлика од претходните две, кога тоа беше можно само за припадниците на армијата.
Кина направи големи чекори во истражувањето на вселената во изминатите неколку години, а меѓу нив е и мисијата „Тјанвен-1“, која вклучува патување до орбитата на Марс. Вселенското летало неодамна почна да испраќа фотографии и снимки од Црвената Планета.
Поврзани артикли