Постепеното отстранување на загадувањето од издувните гасови од моторните возила ќе ја намали потребата за вентилација во тунелите.
Електричните возила се честа појава на норвешките патишта, а со нив ќе има и соодветен пад на трошоците за изградба и одржување на тунели. Ова го тврди норвешкото Министерство за транспорт. Норвешка планира да забрани продажба на нови бензински и дизел возила до 2025 година. Од таа година ќе биде дозволена само продажба на нови електрични автомобили или автомобили со водородни горивни ќелии.
Каква врска има тоа со тунелите? Постепеното отстранување на загадувањето од издувните гасови од моторните возила ќе ја намали потребата за вентилација во тунелите. Според норвешката управа за патишта (Statens Vegvesen), ова може да помогне да се намалат трошоците за големиот тунел Рогфаст во Норвешка за дури 29,2 милиони евра. Тунелот ќе биде најдолгиот и најдлабокиот подводен патен тунел кога ќе биде завршен.
Извор: Додај Гас
Поврзани артикли