Повеќето вакцини што се користат во моментов се даваат со инјекција во рака, но научниците веруваат дека би имало многу повеќе смисла респираторните вируси да градат имунитет на првото место на контакт со телото, до кој доаѓа во слузницата на носот, устата и респираторниот тракт, пишува шпански El País.
На овој начин се користат неколку вакцини против грип и се верува дека оралната полио вакцина, одобрена во 1961 година, помогна во спречување на болеста, особено кај децата.
Вирусологот Рик де Сварт од медицинскиот центар „Еразмус“ во Ротердам рече дека вакцините за коронавирус кои моментално се користат штитат од тешки форми на Ковид-19, но оти не секогаш го спречуваат пренесувањето на вирусот.
– Вакцините кои би се давале преку носот можат да обезбедат подобра заштита, иако останува да се види дали тие ќе се појават на пазарот пред крајот на пандемијата, рече Сварт.
Тимот на Сварт направи вакцина што се дава преку нос и го блокира влезот на вирусот во клетките, а спрејот беше тестиран на творови, кои можат да се заразат со коронавирусот исто како луѓето.
Откако им била дадена вакцината, животните биле ставени во кафези еден ден со животни кои биле веќе заразени со ковид, а резултатите покажале дека ниту едно вакцинирано животно не се заразило.
– Нашата цел е да развиеме вакцина против овој вирус, но прво треба да докажеме дека вакцината е безбедна и ефикасна за луѓето. Овој лек нема никакво влијание врз многу други респираторни вируси, па затоа може да се користи како брз одговор и во друга пандемија, рече Сварт.
Микробиологот од Универзитетот во Колумбија, Ана Москона, објаснува дека способноста на научниците да развиваат вакцини се заснова на децениско истражување за тоа како сродните вируси се врзуваат и продираат во клетките.
Неколку компании развиваат назални вакцини за ковид, а најмалку четири се во прва фаза на тестирање врз луѓе.
Во октомври минатата година, американски научници покажаа на глувци дека една доза назална вакцина е во состојба да го намали Ковид исто како и две дози на конвенционална вакцина и, исто така, да избегне инфекции за скоро 100 проценти.
– До крајот на пандемијата, треба да можеме да го запреме пренесувањето на вирусот, а овој вид вакцини може да го постигне тоа, рече имунологот Мајкл Дајмонд од Универзитетот во Вашингтон, Сент Луис, кој предводи клинички развој на вакцина.
Тој додаде дека овој вид вакцина може да биде ефикасен особено во превенција кај деца или како „засилувач на дозата“.
Претседателот на шпанското здружение за имунизација, Маркос Лопес, вели дека назалната вакцина го стимулира производството на антитела познати како имуноглобулин и оти тие можат да ја запрат инфекцијата пред таа да се спушти на белите дробови и другите органи.
Како што рече, веројатно нема да има време да се развие вакцина за оваа пандемија.
– Овој вирус најверојатно ќе стане ендемичен и ќе мора да се вакцинираме на секои неколку години. Овие вакцини можат да бидат корисни за доработка и подобрување на постојните имунизации. Тие ќе бидат неопходни, рече Лопес.
Поврзани артикли