Извршниот директор на FireEye, Кевин Манида, предупреди на опасностите со кои се соочува населението во САД.
„Следниот неизбежен конфликт ќе се случи во сајбер просторот, а американските граѓани ќе бидат вовлечени, сакале или не. Точка“, рече тој неодамна во документарниот филм „Axios “.
Како што вели тој, луѓето не се ни свесни од што сѐ се зависни. Неконтролиран хаос би настанал во случај на сајбер војна, бидејќи би паднале компјутерските системи, што би предизвикало прекин на разни синџири на снабдување.
Тој исто така посочува дека големиот проблем е што нема јасни правила, како и фактот дека е скоро невозможно да се утврди одговорност за некој обичен хакерски напад, па не за големите како SolarWinds.
Токму FireEye беше првата компанија која јавно ги откри деталите за нападите на SolarWinds. Се верува дека нападот почнал во 2019 година, а експертите го опишаа како еден од најголемите и најкомплицираните досега, објави Russia Today.
Американските разузнавачки служби тврдат дека Русите се виновни за овој хакерски напад, но тие не дадоа никаков цврст доказ за тоа. За целото тоа време, погодените корисници не беа ни свесни дека биле хакирани и дека нивните податоци биле компромитирани.
Извор: B92.net