Xiaomi ќе ја претстави Redmi Note 10 линијата на 4 март, а протечените информациите за претстојните телефоните не престануваат да се појавуваат. Откако претходно видовме фотографии од пакувањето и задната страна, сега имаме неколку информации за екранот, полнењето и чипсетот на уредот.
Redmi Note 10 ќе работи со Snapdragon 678 чипсет – малку подобрен SD675, креиран во 1nm LLP процес. Чипсетот ќе има оверклокуван главен процесор со двојадрен кластер @ 2.2GHz, додека уредот ќе го напојува батерија од 5000mAh.
Тоа е нешто помал капацитет отколку што го имаше Redmi Note 9 (5020mAh), но батеријата ќе има поддршка за полнење од 33W. Ова ќе биде првиот Redmi Note, кој нема Pro во името со овие брзини на полнење на батеријата.
Новите фотографии откриваат и 6,43 инчен супер AMOLED екран, со еден punch-hole отвор за селфи камерата. Redmi Note 10 има и два звучника.