Руската вакцина „Спутник В“ против Kовид-19 покажува добри резултати против новите мутации на коронавирусот, изјави за „Ројтерс“, Денис Логунов, заменик директор на рускиот Национален истражувачки центар „Гамалеја“ за епидемиологија и микробиологија, кој го разви „Спутник В“.
„Неодамнешното истражување спроведено од Центарот ‘Гамалеја’ во Русија покажа дека ревакцинацијата со вакцината ‘Спутник В’ работи многу добро против новите мутации на коронавирусoт, вклучително и соевите на коронавирус од Велика Британија и Јужна Африка“, рече Логунов.
Тој додаде дека, според руските истражувачи, се верува дека вакцините базирани на вектор се всушност подобри за идните ревакцинации отколку вакцините засновани на други платформи“.