Xiaomi претстави три нови телефони во рамките на својот подбренд Redmi.
Официјализирана е Redmi K40 серијата, која се состои од стандардниот модел Redmi K40, Redmi K40 Pro и Redmi K40 Pro+. Сите смартфони изгледаат идентично и имаат некои заеднички хардверски карактеристики.
Од елементите кои се заеднички за сите три уреди, тука е 6,67-инчниот E4 AMOLED панел, кој го креираше Samsung, со FHD+ резолуција, 120Hz освежување, осветлување од 1300 нита, како Gorilla Glass 5 заштита.
Телефоните ги напојува 4520mAh батерија, со поддршка за 33W полнење преку USB-C порт, со користење на стандардните протоколи – USB Power Delivery 3.0 и QuickCharge 3.0+. Батериите од 0 до 100 проценти се полнат за 52 минути.
Xiaomi Redmi K40 го покренува Qualcomm Snapdragon 870 процесор на 3,2GHz, кој претставува нешто подобра верзија на веќе испробаниот Snapdragon 865, а доби и Adreno 650 GPU. Основниот модел доаѓа со 6GB RAM и 128GB интерна меморија, а достапни се и верзии со 8 и 12 GB RAM. Интерната меморија оди до 256GB.
Главната е Sony IMX582 камера од 48 MP, кој снима видео во 4K резолуција при 30 fps. Моделот со 6GB RAM и 128GB интерна меморија чини 255 евра.
Redmi K40 Pro има главна камера од 64 MP која снима видео во 8K резолуција при 30 fps. Неговата цена изнесува 255 евра за моделот со 6GB RAM и 128 GB интерна меморија, a достапни се и поскапи верзии со 8GB RAM и 128 и 256GB интерна меморија.
Најдобар модел е Redmi K40 Pro+ со главна Samsung ISOCELL HM2 камера од 108 MP, на која и се придружени ултраширока камера од 8MP и телефото макро камера од 5MP, додека однапред е сместена камера од 20MP. Овие камери, освен главната ја делат и останатите споменати модели. Камерата може да снима 8K видео при 30 fps и 4K видео при 30 и 60 fps. Селфи камерата е ограничена на 1080p видео при 30 fps за стандардно снимање, односно на 720p и 120 fps за slow-motion.
Уредот го покренува Snapdragon 888 процесор, а тука е и Adreno GPU. Цената на моделот со 12GB RAM и 256GB интерна меморија изнесува 470 евра и тоа е единствената понудена опција.
Сите три модели се отпорни на прав и помала количина на вода по IP53 стандардот. AMOLED екрани се заштитени со Gorilla Glass 5 стакло. Сензорите за отпечатоци од прсти се сместени странично во копчето за вклучување/исклучување на уредот.