Речиси една година по првобитната објава, Huawei P40 сега е објавен во варијанта со само 4G поддршка.
Huawei P40 4G работи со Kirin 990 чипсет и тоа е единствената разлика во споредба со претходно објавениот 5G модел. Останатите спецификации се идентични.
P40 4G има 6,1-инчен OLED екран со FHD+ резолуција и надолжен отвор за 32MP селфи камера и IR ToF модул. На задната страна има 1/1.28″ 50MP главен сензор, заедно со 16MP ултраширок и телефото сензор од 8MP со 3x оптичко зумирање. За софтверската поддршка е задолжен EMUI 10.1, преку Android 10.
Huawei P40 4G ќе биде достапен во Dark Blue и Frost Silver варијанти, а официјализиран е на кинескиот пазар. Цената за моделот со 8GB RAM и 128GB простор изнесува околу 620 долари.
Поврзани артикли