Луѓето кои носат очила имаат три пати помала веројатност да заболат од коронавирус отколку оние кои не носат, од едноставна причина што поретко ги тријат очите, покажува помало индиско истражување спроведено на 304 лица на возраст од 10 до 80 години.
Деветнаесет проценти од испитаниците изјавиле дека носат очила поголемиот дел од времето, најмалку осум часа на ден.
Студијата открива дека ризикот од инфекција со Ковид-19 е приближно два до три пати помал кај луѓето кои носат очила, во споредба со оние што не носат, објави „Сандеј телеграф“.
Поединци се навикнати да го допираат лицето во просек 23 пати, а очите три пати за еден час, покажуваат резултатите од индиска студија.
Научниците кои ја спровеле студијата велат дека долготрајното носење очила може да спречи повеќекратно допирање и триење на очите, а со тоа и потенцијално пренесување на вирусот.
Минатата година кинеските експерти открија дека меѓу пациентите со Ковид-19 многу малку од нив носат очила.
Поврзани артикли