Redmi Note 10 и Note 10 Pro ќе бидат претставени на 24. февруари, а би можел да им се придружи и Pro Max. Дизајнот на Pro моделот се појави и може да се пронајде онлајн.
Се појави еден рендер од телефонот, кој делува како официјален, како и фотографија од малопродажното пакување што потврдува дека навистина се работи за Note 10 Pro. Се чини дека телефонот црпи доста идеи од Mi 10 Ultra моделот, барем кога станува збор за дизајнот на камери со сребрен акцент околу главниот сензор.
Според она што може да се види, има два големи камера модули, како и два помали сензори помеѓу нив. Од страна може да се види LED блиц и прозорец за ласерски автофокус.
Од предната страна се гледа punch-hole екран со тенки рамки, така што се очекува висок screen-to-body однос Сензорот за отпечатоциод прсти би можел да биде сместен од страна на рамката.
Гласините сугерираат дека Redmi Note 10 Pro ќе има IPS LCD панел со брзина на освежување од 120Hz. Ќе го покренува Snapdragon 732G чипсет, а ќе има 5050mAh батерија. Се очекуваат 6 GB+64 GB, 6 GB+128 GB и 8 GB+128 GB варијанти за меморија и складирање.
Поврзани артикли