Според статистичките податоци, аквапланингот предизвикува десетици илјади сообраќајни несреќи годишно, честопати со човечки жртви
Добро познатата дизајнерска куќа Italdesign, која минатата година ја лансираше својата најнова доработка, Nissan GT-R 50 by Italdesign, неодамна започна да се занимава со безбедност на возењето. Во соработка со Bosch и Easyrain, тие развиваат иновативен систем за контрола на пролизгувањето во влажни услови на патот, кој може аквапланингот да го испрати во историјата.
Според статистичките податоци, овој опасен феномен кога се создава голема количина вода на асфалтот и кога управувањето станува невозможно, е причина за десетици илјади сообраќајни несреќи годишно, често со човечки жртви.
Инвентивниот систем Aquaplaning Intelligent System (AIS) дизајниран од Easyrain се состои од сензори и софтверско решение интегрирани во систем дизајниран за откривање на аквапланингот пред тој да се случи навистина.
Системот работи така што кога ќе ја препознае потенцијалната опасност, во дел од секундата ослободува млаз вода пред предните тркала, што помага да се „разбие“ вишокот на воден слој на подлогата и со тоа се спречува тркалата да изгубат контакт со подлогата.
На видеото можете да го видите влијанието на ваквиот систем во случаи кога се случува аквапланинг. Според податоците од тестот, системот AIS ја подобрува контролата на возилото за 35 проценти кога возилото вози право и 30 проценти кога возилото врти.
Според извори на Easyrain, сè уште нема индикации кога системот може да се инсталира во автомобилите, но нагласуваат дека системот ќе биде компатибилен со сите видови автомобили, од оние од вообичаените класи, до автомобили со високи перформанси и електрични модели.
Извор: Додај Гас
Поврзани артикли