На интернет овие денови се шири лабораториски тест на една белграѓанка која се тестирала за антитела по втората доза вакцина.
Србија е длабоко навлезена во процесот на вакцинација, а многу граѓани веќе ја добија и втората доза од вакцината. Една белграѓанка неодамна ги покажала резултатите од тестот за „IgG“ антитела, направен 6 дена по примање на втората доза од кинеската вакцина „Синофарм“.
На лабораторискиот наод кој се шири на социјалните мрежи „со брзина на светлината“, се гледа дека резултатот, кога станува збор за антитела, е дури 866,8
Станува збор за анализа на присуство на „IgG“ антитела на „S“ протеинот, шилест протеин кој е одговорен за пренесување на коронавирусот. По вакцинацијата се создаваат антитела на тој протеин во телото, што го спречува вирусот да навлезе во клетките.
„IgG“ антителата „помнат“ на кои микроорганизми бил изложен нашиот организам за имунолошкиот систем да може да ги нападне следниот пат кога ќе се појават.
За позитивен резултат се сметаат вредности над 50, па затоа оваа бројка од 866,8 е исклучително висока.
Извор: Mondo.me