Motorola ги претстави новите членови на Moto G серијата, а станува збор за Moto G10 и Moto G30. Компанијата оваа година ја промени номенклатурата – Moto G10 е основен модел, додека Moto G30 е понапреден, а со тоа и нешто поскап.
Уредите се слични на неколку начини, и двата имаат 6,5-инчни HD+ екрани со резолуција 1.600х720 пиксели. Разликата е во фреквенцијата на освежување, 60Hz за Moto G10 и 90Hz за Moto G30.
Сензорот за отпечатоци од прсти кај двата уреда е поставен на задната страна, бочно е физичкото копче за Google Assistant, а ги напојува иста батерија од 5.000 mAh. Сепак Moto G10 поддржува 10W, а Moto G30 20W полнење.
Introducing a new era for the moto g family. Meet the moto g30, with an unbeatable quad camera system, unbelievable viewing experience and even more storage #hellomoto #motog30 #motogfamily pic.twitter.com/orDnbX2DLf
— Motorola UK (@motorolaUK) February 16, 2021
И двата уредa имаат четири камери, 8MP ултраширока, 2MP макро и сензор за длабочина од 2 MP, но Moto G10 има 48MP главна камера од 48, а Moto G30 има главна камера од 64MP. Moto G10 има 8MP селфи камера, додека Moto G30 се одликува со пррдна камера од 13МP.
Moto G10 има Qualcomm Snapdragon 460 процесор, 4GB RAM, 64 или 128GB интерна меморија, а Moto G30 има Snapdragon 662 чип, 4 или 6GB RAM и 64 или 128GB простор за складирање. И двата уредa поддржуваат 4G мрежа.
Moto G10 во Европа чини 149,99, а цената на Moto G30 изнесува 179,99 евра.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли