Јужнокорејскиот LG ги откри цените на освежените Gram лаптопи, што беа презентирани на CES саемот во јануари. Уредите со дијагонала од 14, 16 и 17 инчи сега се достапни и глобално, додека четиринаестката и шеснаесетката, што исто така е 2-во-1 уред, се очекуваат на пазарот кон средината на март. Новите Gram модели на LG се Intel Evo сертификувани, што значи дека имаат загарантиран минимум на батеријата, брзо полнење, но и брзо будење од мирување.
Сите модели имаат однос на страните 16:10, што на корисниците им нуди повеќе вертикален простор за работата на компјутер. Лаптопите ги покренуваат Intel Core процесори од 11. генерација со Iris графика, имаат 16 GB RAM меморија и пристугнуваат со читач за отпечатоци од прсти, како и тастатура која е поголема од претходниот модел.
Моделот од 17-инчи може да работи до 19,5 часа без полнење, а сега е достапен за 1.799 долари. Подостапниот 16-инчен лаптоп издржува дури 22 часа пред да се исклучи, а чини до неколку стотини долари помалку, односно 1.199 долари. Сите 14-инчни модели можат да издржат и до 25,5 часа, меѓутоа за секој уред цената е поинаква во однос на RAM меморијата и процесорот. Оние модели кои доаѓаат во вид на 2-во-1 уреди ќе имаат механизам за вртење од 360 степени околу својата оска и се компатибилни со пенкалата што работат на Wacom AES 2.0 технологијата.
Поврзани артикли