Веќе извесно време се појавуваат информации за Redmi K40 телефонот, а сега потпретседателот на Xiaomi, Лу Веибинг, конечно потврди дека K40 ќе биде претставен на 25. февруари.
Веибинг на социјалната мрежа Weibo објави дека Redmi K40 ќе има целосно нов дизајн, ново позиционирање на пазарот и ново корисничко искуство.
Не се објавени детали за спецификациите или дизајнот на Redmi K40, но претходно беше потврдено дека Redmi K40 серијата ќе го користи Snapdragon 888 чипот, најскапиот рамен екран и батерија која има капацитет над 4000mAh.
Redmi K40 линијата наводно ќе ја сочинуваат три модели: стандардниот K40, K40S и K40 Pro. Сите три смартфони ќе поддржуваат 5G мрежи, а Pro варијантата ќе има и главна камера од 108MP.