Сондата „Надеж“ беше лансирана во јули 2020 година од Јапонија, по две одложувања поради лошите временски услови. Целта на истрагата е да ја мапира атмосферата на Марс во текот на секоја сезона.
Сондата на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) денеска треба да влезе во орбитата на Марс, како дел од првата арапска вселенска мисија. Оваа фаза се смета и за најкритична.
Сондата „Надеж“ беше лансирана во јули 2020 година од Јапонија, по две одложувања поради лошите временски услови. Целта на истрагата е да ја мапира атмосферата на Марс во текот на секоја сезона.
Кинеската сонда е, исто така, близу Марс и се очекува утре да стигне до „Црвената планета“. Леталото во овој случај ќе кружи околу Марс додека роверот не се оддели и се обиде да слета на неговата површина, во мај, заради примероци за истражувања.
Предвидено е и американскиот ровер „Упорност“ да слета на Марс на 18 февруари.
Околу 60 насто од мисиите на Марс досега беа неуспешни, што сведочи за сложеноста на меѓупланетарното патување, но и за тешкотиите на леталата да се спуштат низ тенката атмосфера на Марс.