Продажбата на Nintendo Switch конзолата ја надмина продажбата на претходникот 3DS. Компанијата објави дека се продадени 79,87 милиони единици од нејзиното лансирање во март 2017. година.
Податоците ги следеа финансиските резултати на јапонската компанија, која прогласи рекорден профит од 3,6 милијарди долари за периодот април-декември. Аналитичарите го припишуваат успехот на Switch на популарноста на Animal Crossing. Се очекува Super Mario 3D World да обезбеди дополнителен поттик за овој успех веднаш штом ќе се појави на 12-ти февруари.
Nintendo го заврши производството на својата 3DS конзола во септември 2020. година и соопшти дека продала 75,94 милиони единици за девет и пол години од нејзиното постоење. Switch прв пат се најде во продажба во 2017. година, а на него се придружи и поевтиниот модел Switch Lite во текот на 2019. година, кој исто така е вклучен во пребројувањето. Компанијата соопшти дека побарувачката за конзоли се зголемила за 35,8% во споредба со истиот период во минатата година, со вкупно продадени 24,1 милиони единици во последните девет месеци од 2020. година.
Претседателот на Nintendo, Шунтаро Фурукава, рече дека компанијата има доволно компоненти за да продолжи со производство на уредите, и покрај големиот недостиг во индустријата и сега очекува продажба на 26,5 милиони конзоли во текот на фискалната година.
Извор: PC Press.rs
Поврзани артикли