Google подготвува ажурирање за Android TV, а повеќето иновации се поврзани со дизајнот, кој ќе изгледа слично на оној на Google TV и Chromecast.
На горниот дел од менито, пренесува порталот The Verge, ќе има истакната содржина, а иконите што многу корисници сега ги сметаат за премногу големи, ќе ги заменат минималистички јазичиња.
Се разбира, не е сè баш исто – сепак има некои разлики. Корисничкиот интерфејс на Android TV ќе има три главни јазичиња: Home ќе се користи за брз пристап до канали, Apps, логично, за апликации, а јазичето Discover ќе содржи персонализирани предлози за емисии, филмови, серии итн.
Android TV Is Getting a Big Update With a New Discovery Page https://t.co/c4sSVcdr6F #marketing #technews pic.twitter.com/WSPxny66Vp
— IceBoxDesigns (@iceboxdesigns) February 4, 2021
Ажурирањето на Android TV постепено ќе пристигнува на телевизорите ширум светот. Прво ќе биде достапен за САД, Австралија, Канада, Германија и Франција, а потоа ќе стигне и до другите делови на светот, соопшти компанијата Google.
Извор: B92.net