Xiaomi Mi 10T и 10T Pro се објавени со MIUI 12 интерфејс, преку Android 10 оперативниот систем. Сега Xiaomi објави ажурирање, што носи надградба на платформата на Android 11.

Корисниците во Индија први известија дека ажурирањето почнало во нивниот регион. Надградбата користи build со ознака 12.1.1.0 RJDINXM, а самата закрпа е со големина од 2,8 GB. OTA Ажурирањето исто така спроведува безбедносна закрпа за јануари.

Ажурирањето се очекуваше најпрво да биде достапно за корисниците во Кина, но се чини дека компанијата имала поинакви планови. Повеќе корисници се очекува да ја добијат надградбата откако ќе бидат отстранат грешките од preview верзијата.

Android 11 ажурирањето ги имплементира вообичаените функции и подобрувања, како што се групирање на известувањата, меурчиња за разговор, управување со еднократни дозволи.