Acer претстави два нови фабрички калибрирани монитори, кои ги карактеризираат високи стапки на освежување на екранот. Мониторите се наменети за креаторите на содржини, програмери и уметници. ConceptD CP1241Y и CP1271 нудат одличен приказ во боите, брз одзив и брзина на освежување до 165Hz.
CP1241Y е 24-инчен монитор, додека CP1271 е 27-инчен модел. Двата имаат IPS панели, со максимална брзина на освежување од 165Hz (OC), FullHD резолуција и 2ms одговор. Контрастот е 1000:1, осветленоста изнесува 250 нита, додека поддршката за бои овозможува покривање на 95 проценти од DCI-P3 спектарот.
ConceptD CP1 мониторите имаат Adaptive-Sync i HDR10 поддршка. Тука е и CAD/CAM модот за креатори и илустратори кои користат софтвер како AutoCAD на SOLIDWORKS. Двата монитора имаат два вградени звучници од 2W, DisplayPort и 3,5 мм приклучок .
Acer ConceptD CP1 мониторите се достапни за 230 долари за CP1241Y и 300 долари за CP1271 моделот.
Поврзани артикли