Секоја генерација има неколку гении, а кога Стивен Хокинг почина во 2018 година, светот изгуби еден од ретките кои би можеле да најдат решение за проблемит со кои се соочуваме денес.
Неколку недели пред да почине Хокинг објавил труд во кој пишува како се создал универзумот и како ќе заврши. Во него Хокинг и научникот Томас Хертог шпекулираат дека крајот на универзумот ќе наликува на релативно мирен премин во нешто друго. Според нив, крајот на ширењето на универзумот може да биде мирен, а можните завршетоци се ограничени.
Тоа е прилично генерална хипотеза, но големи се шансите дека на Земјата нема да има никој до тоа време. Кога станува збор за крајот на нашиот свет, Хокинг има направено некои предвидувања во повеќе интервјуа. Меѓу другото, тој изјавил дека вештачката интелигенција можеби ќе го предизвика изумирањето на човекот и ќе ги замени луѓето.
„Некој ќе дизајнира вештачка интелигенција што ќе самата ќе се размножува. Тоа ќе биде нова форма на живот што ќе биде подобра од луѓето“ – изјавил Хокинг за Wired.
Хокинг зборувал и дека луѓето би можеле да се уништат уште пред да има вештачка интелигенција, помоќна од нас. Во 2017 година за Би-би-си зборувал за човечките грешки поврзани за климатските промени, посочувајќи дека сме блиску до точката од која нема враќање. Хокинг посочувал и на важноста да најдеме начин за колонизација на други планети, доколку сакаме човештвото да преживее.
Во 2016 година предвидел дека човештвото има околу 1.000 години пред планетата да стане неповолна за живот. Меѓутоа, во 2017 година го сменил ставот и изјавил дека наместо 1.000 години, светот има само уште 100 добри години за живот.Според Хокинг, крајот на светот можеби ќе биде предизвикан и од нешто надвор од човечка контрола. Во 2016 година тој изјавил дека во следните илјада или десет илјади години голема е веројатноста од катастрофа што ќе ја погоди Земјата.
Поврзани артикли