Ако се суди според овој случај, на повидок насловот на овој текст и не е далеку од вистината
Со воведувањето на системот за автономно возење, превозниците ќе ја изгубат својата важност, но сигурно нема да исчезнат. Кога станува збор за продавачите на автомобили, тешко е да се каже каква е нивната судбина. Ако е според Hyundai, тие стануваат непотребни затоа што тука е DAL-e.
DAL-e е Drive you Assist you, Link with you-experience или едноставно сервисен робот. И не е тука за да ги замени сите оние непрофесионални продавачи кои не можат да се пофалат со најдобро познавање на предметот на продажбата, па дури и да ве убедат да купите автомобил. Причината за неговото појавување е секако пандемијата, и ова е начинот на кој Hyundai сака да понуди поголема безбедност во своите салони.
„Со постојан напредок и развој, DAL-e обезбедува пријатно искуство за нашите клиенти во неконтактно опкружување“, вели Донг Јин Хјун, раководител на одделението за роботика во Hyundai.
Роботот е висок само 1.160 mm и тежок 80 килограми, а неговата листа на карактеристики вклучува препознавање лице, познавање на повеќе јазици, но и можност за комплетно претставување на гамата на Hyundai. Договарање и давање дополнителни попусти не се во неговиот алгоритам.
DAL-e веќе го добил првиот ангажман во салонот на Hyundai во Сеул, а понатамошното ширење на идејата ќе зависи пред се од реакциите на потенцијалните клиенти, односно од ефикасноста на продажбата на роботот.
Извор: Додај Гас