На апликацијата за пронаоѓање на партнери, Grindr ѝ се заканува парична казна од 100 милиони норвешки круни, односно околу 9,6 милиони евра.
Норвешката Агенција за заштита на податоци соопшти дека постои сомнение апликацијата Grindr која е најпозната за запознавање на партнер од ист пол, нелегално откривала податоци за своите корисници.
Од Grindr засега нема никаква реакција, а од норвешката Агенција порачаа дека „прелиминарниот заклучок е дека сите прекршоци се многу сериозни“.
Доколку ова е вистина, тоа ќе биде огромен удар за Grindr, затоа што споменатиот износ претставува околу 10 проценти од нивниот глобален годишен приход, пренесува порталот The Verge.
Доколку одговор од апликацијата не пристигне до 15-ти февруари, одлуката за паричната казна ќе биде конечна.
Извор: B92.net
Поврзани артикли