Холандија е земја која во климатските сценарија често има депресивна улога во која е опкружена со висок пораст на морското ниво. Но, научници од Универзитетот Вагенинген тврдат дека не мора да биде така.
Научници осмислија пристап против климатските промени, базиран на природата, а кој може да се примени во секоја земја и регион. Така, тие тврдат дека Холандија може да има зелени градови до 2120 година, како и повеќе шуми, вода и мочуришта доколку биде обликувана од перспектива базирана на природата.
Но, Холандија се соочува со бројни предизвици бидејќи станува помалку погодна за живот поради фактори како опаѓање на биолошката разноликост, пораст на нивото на морињата и недостаток на станбен простор.
Двајца истражувачи, Мајкл ван Бурен и Мартин Баптист од Универзитетот Вагенинген, изјавија дека за реализација на сценарио зацртано до 2120 година е потребно да се искористат природните извори и да се испланира просторот. Таква Холандија е илустрирана на мапата, а критериум како постигнување на биолошките разноликости се клучни, бидејќи државата дури тогаш може да напредува. Нивната визија дефинитивно се потпира на идеална слика и дефинитивно не е утопија.
„Анализиравме што е веројатно, што е можно и што е пожелно. Резултат е мапа на тоа што е можно, изводливо и реалистично, но поставивме и скала на тоа што е повеќе веројатно“, изјави Ван Бурен.
Нивната мапа прикажува земја во која биолошката разноликост напредува, природата има слобода, а водата има простор за проток. Научниците ги повикаа и другите земји да користат пристап базиран на природата за да развија сопствена верзија на „зелена иднина“
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли