iQiyi, кинескиот одговор на „Нетфликс“, ќе понуди бесплатни филмови и телевизиски емисии во некои области во текот на новогодишниот празник, откако Пекинг ги повика стриминг-платформите да ги укинат сите претплати имајќи предвид дека многу луѓе се заглавени дома за да помогнат во борбата против пандемијата.
Новата година е најважниот празник во Кина. Тогаш традиционално милиони луѓе се упатуваат кон своите родни места, но властите во последните неколку недели воведоа строги антивирусни мерки откако беа пријавени стотици нови случаи со коронавирус.
Владата ги советуваше луѓето да останат дома или таму каде што се во моментов, стравувајќи дека масовните движења можат дополнително да го шират вирусот.
iQiyi, чиј родител е гигантот пребарувач „Баиду“, соопшти дека ќе овозможи категорија „бесплатно гледање“ што ќе биде достапна во Пекинг и блиската провинција Хебеи, со содржини кои обично се ограничени на членовите.
Поврзани артикли