Во рамките на проектот „Визија 2030“, што има за цел да ја модернизира Саудиска Арабија, нивниот принц претстави план за изградба на сосема поинаков град, без патишта, автомобили, но и загадување на воздухот.
Саудиска Арабија спроведува нешто што го нарекуваат Vision 2030 (Визија 2030), а основа е план за модернизација на целата земја преку инвестиции во нови технологии, одржлив развој и извори на енергија на иднината. Оваа „визија“ ја покрена саудискиот принц Мохамед бин Салман, познат како прогресивен лидер на земјата, но не помалку немилосрден кон своите противници во и надвор од Саудиска Арабија. Неговиот нов план, претставен овој месец, е да се изгради цел нов град за околу околу милион жители, што би имал целосна неконвенционална форма.
“Why should we sacrifice nature for the sake of development? Why should seven million people die every year because of pollution […] one million people every year due to traffic accidents?” HRH the Crown Prince questions as he introduces @NEOM’s THE LINE. #whatisTHELINE pic.twitter.com/9GJfsflr67
— CIC Saudi Arabia (@CICSaudi) January 10, 2021
The Line, како што го нарекуваат, треба да биде изградена во една линија, долга околу 170 километри. Низ градот ќе помине нова напредна подземна железница, која би била и центар на метрополата, но и нејзината единствена сообраќајница. Најдолгото патување од едниот до другиот крај на овој град би траело само 20 минути, а жителите речиси сите свои дневни потреби за продавници и други содржини би можеле да ги задоволат во област, која би можеле да ја покријат со шетање од најмногу пет минути во било кој правец.
Обновливи извори, технологија и AI
Бидејќи не би имало друг сообраќај, бројот на сообраќајни несреќи би бил нула, исто како што нулто би било и загадувањето на воздухот. Железницата која би била „рбет“ на The Line би била покренувана од обновливи извори на енергија, смстена под земја и, секако, електрична и управувана со помош на вештачка интелигенција. Покрај неа би биле сместени и градските „модули“, односно разните резиденцијални и деловни области.
Овој град со бизарна форма и сосема поинаков изглед од сите досегашни нема да остане само на концепт. Саудиска Арабија многу сериозно го сфаќа овој проект и најавува почеток на изградбата веќе оваа година. Планираат да инвестираат меѓу 100 и 200 милијарди долари, да вработат околу 380 000 луѓе, а очекуваат дека градот во иднина ќе донесе во економијата околу 48 милијарди долари годишно до 2030. година.
The Line би требало да биде дел од големиот мегалополис Неом на северозапад од Саудиска Арабија, во кој владата ќе инвестира до 500 милијарди долари. Очекувано, овој предлог предизвика големи полемики во јавноста. Урбанистите сметаат дека концептот на град во една линија нема смисла, бидејќи непотребно ги продолжува патувањата, кои во планираниот кружен облик, но и во конвенционална форма на градско јадро, би биле значително пократко.
Единствената предност на овој вид урбанистичко планирање, велат критичарите, е тоа што „изгледа како од научно-фантастичен филм“, па може да им биде привлечно на поединците да живеат на тој начин, со сите чуда на модерната технологија и без автомобили. Дали ќе се најдат баш милион жители, како што најави принцот МБС, не е сосема сигурно.