Претходно се појавија рендери кои покажуваат дека OnePlus 9 и OnePlus 9 Pro ќе имаат punch-hole дисплеи. Се претпоставува дека телефоните ќе пристигнат во март.
Сега дознавме дека punch-hole отворите за предните камери на уредите ќе бидат со големина од околу 3,8 милиметри.
Оваа информација ја објави дојавувачот Digital Chat Station, кој истакнува и дека OnePlus 9 Pro ќе има закривен 6.78-инчен QHD+ 120Hz дисплеј, додека стандардниот OnePlus 9 ќе користи 6.55″ FullHD+ 120Hz рамен екран.
Покрај тоа, изворот сугерира дека OnePlus 9 и 9 Pro ќе имаат дебелина од 8 мм и 8,5 мм, како и дека ниту еден од моделите нема да тежи над 200 грама.
Двата смартфона ќе ги покренува Snapdragon 888 чипсет, а ќе имаат и 4500mAh батерија со поддршка за 65W брзо полнење. Pro варијантата ќе поддржува и 45W безжично полнење.