Honor V40 ќе биде дебитантски телефон на кинескиот бренд, како самостоен производител. Според сè што го дознавме досега, V40 ќе има широк спектар на карактеристики. Сега дојавувачот Digital Chat Station ни дава малку повеќе детали за предната камера и батеријата на уредот.
Дојавувачот сугерира дека двојниот punch-hole отвор, што го видовме на тизерите, служи како стандардна 16MP селфи камера и 3D ToF сензор. Ова значи дека Honor V40 ќе има напредна опција за отклучување преку цртите на лицето.
Смартфонот ќе го напојува батерија од 4000mAh, но само моделот со најмногу меморија ќе има поддршка за 50W безжично полнење. Другите карактеристики вклучуваат поддршка за 100% P3 спектарот на бои, стерео звучници и два линеарни вибрациски мотори.
Можно е Honor да претстави само еден V40 телефон, а единствената разлика меѓу моделите ќе биде во конфигурацијата на меморијата и просторот за складирање и поддршката за безжично полнење на најсилниот модел.
Поврзани артикли