На Qualcomm не му е далечен развојот на чипови засновани на ARM архитектура. Компанијата веќе го објави Snapdragon 8cx, а неодамна и моделот 8cx Gen 2. Сепак, овие чипови во моментов не можат да се споредат со неодамна објавениот 5nm M1 чип на Apple.
Новиот извештај на сајтот WinFuture сугерира дека Qualcomm развива нов SoC, со внатрешен број на модел SC8280, што ќе биде наследник на чипот 8cx Gen 2.
Qualcomm Snapdragon SC8280 се испорачува во две конфигурации: со 8 GB LPDDR5 RAM и 32 GB LPDDR4X меморија. Ова претставува двојно повеќе од она што го нуди Apple со М1 чипот, кој е достапен само во конфигурации со 8 GB и 16 GB LPDDR4X.
Чипот има и 13 проценти зголемување на површината, па затоа доаѓа со 20мм х 17мм, за разлика од 20ммх 15мм на моделот 8cx Gen 2.
Qualcomm Snapdragon SC8280 сè уште е во фаза на развој и останува да се види како ќе се спореди со М1 чипот или процесорот со 12 јадра на Apple, за кој исто така се шират гласини.
Поврзани артикли