Стрим-платформата Netflix вети дека ќе објавува најмалку по еден нов филм секоја недела во кој ќе глумат некои од најголемите филмски sвезди. Филмската публика ќе има можност да види најмалку 70 нови наслови во текот на 2021.
Во 30-тите и 40-тите години од минатиот век филмското студио MGM испумпуваше 50 нови филмови годишно, од кои повеќето ги имаа најголемите светски sвезди во тоа време: Џуди Гарланд, Клерк Гејбл, Спенсер Трејси и безброј други. Коосновачoт и главен извршен директор на „МГМ“, Луис Б. Мајер, се пофали дека студиото има „повеќе sвезди отколку што има на небото“.
Но, антимонополската регулатива и телевизијата ставија крај на холивудскиот систем на доминација на студиото, и оттогаш ниту една компанија не е толку плодна.
Се чини дека стриминг-гигантот Netflix е најблиску до доминација во 2021 година.
Netflix им даде на своите претплатници 71 причина да се израдуваат откако соопшти дека ќе објавува нов филм секоја недела во текот на цела година, пренесуваат медиумите.
Стримерот соопшти во понеделникот дека ќе објави 70 нови оригинални филмови оваа година – речиси 50 повеќе од следниот најблизок конкурент, „Дизни“.
А во понудата на филмови има суперхеројски, вестерни, трилери, романтични комедии, акција и комедија, со најголемите и најдобрите светски sвезди, режисери и свежи лица.
Поврзани артикли