Најновата генерација на Samsung Galaxy S серија им овозможува на корисниците најмодерни камери, иновативни опции за поврзување, во нов дизајн
Компанијата Samsung Electronics денес ги претстави Galaxy S21 и Galaxy S21+ паметните телефони, најновите водечки уреди со нов дизајн, камера од професионален ранг за корисници од сите нивоа на умешност и најнапреден процесор кој е некогаш користен на Galaxy уредите. Создаден според начинот на кој корисниците живеат сега, Galaxy S21 носи изобилство на современи иновации, кои им овозможуваат на корисниците да се изразат како никогаш досега и да го добијат максимумот од секое искуство. Дополнително, секој уред обезбедува поврзување, напојување и перформанси што може да ги обезбеди само Samsung.
„Живееме во свет во кој мобилните уреди зазимаат важно место, со оглед на тоа што многу од нас работат од далечина и да поминуваат повеќе време дома. Исто така, секогаш се трудевме да обезбедиме избор, особено во новите околности кога е изразена се поголема потреба за истото, и затоа Galaxy S21 серијата им овозможува на сите да изберат уред што најдобро одговара на нивниот личен стил и мултимедијални потреби кои постојано се менуваат.”, рече TM Roh, претседател и директор на мобилни комуникации во компанијата Samsung Electronics. „Повеќе од една деценија, Galaxy S серијата им го носи најсовременото искуство со водечки мобилни телефони на оние корисници кои се потпираат на своите паметни телефони за да се поврзат, забавуваат и изразат својата индивидуалност.”
Храбар нов дизајн
Galaxy S21 носи храбар нов дизајн со компактен дисплеј од 6,2-инчи. Galaxy S21+ доаѓа со проширен екран од 6,7 инчи, со посилна батерија, одличен за маратонските гејмери и љубители на сериите.
Новата Galaxy S21 серија воведува Contour Cut камера, која неприметно се меша со металната рамка на уредот, давајќи елегантен и привлечен изглед. S21 и S21+ ќе бидат достапни во низа привлечни бои, вклучувајќи ја и новата фантомса виолетова боја. Покрај тоа, секој уред е обложен на задната страна со луксузно матиран завршен слој, кој дава софистициран изглед и чувство.
Galaxy S21 доаѓа со интелигентен Dynamic AMOLED 2X Infinity-O прилагоден дисплеј од 120Hz, идеален за гледање на секаков вид содржина. Екранот автоматски го прилагодува освежувањето врз основа на прикажаната содржина, без разлика дали корисникот ги гледа своите профили на социјалните медиуми или сериите. Дисплејот исто така не ги уморува очите, бидејќи новиот Eye Comfort Shield автоматски ја прилагодува сината светлина врз основа на времето од денот и прикажаната содржина.
Нека секој ден биде несекојдневно искуство
Новата S серија ја продолжува традицијата на Samsung камери со професионалн ранг, со унапредувања што им овозможуваат на корисниците од сите нивоа на умешност да создаваат врвна фотографија и видео содржина. Без разлика дали ја фотографираат првата средба на нивното куче со огледалото, дружење со пријателите или спектакуларен поглед на патување во природа, Galaxy S21 и S21+ им овозможуваат на корисниците најдобар квалитет.
Подобрениот 8K Snap овозможува снимање на кристално чисти 8K видеа, така што целата акција ќе се снима на најдобар начин, со можност за фотографирање на фотографии од кадри на видеото, со едноставно притискање на record опцијата. Без оглед колку се динамични условите, снимката ќе биде целосно стабилна благодарение на Super Steady опцијата, со подобрени 60 fps. Новата Director’s View опција им овозможува на корисниците да ја изберат најдобрата снимка, а со Vlogger View сега е можно истовремено снимање на видео со премин од предната кон задната камера, како и промена на аголот на снимање, но и гледање. Кога уредот е поврзан со новите Samsung Galaxy Buds Pro слушалки, можно е истовремено да снимате амбиентален звук и глас на корисник со помош на multiple mic recording опцијата. Ова значи дека Galaxy S21 може со Pro Video Mode режимот на работа да се постави на држач за телефон, а Buds Pro може да се користи како микрофон, така што корисникот може да се оддалечи од телефонот и да се снима себе како зборува, како и звукот од позадина со врвен квалитет. Со помош на вештачка интелигенција, популарната Single Take опција овозможува снимање низа фотографии и видео со само еден допир. Оваа функција е подобрена со нови, професионални видео подесувања, како што се Highlight Video и Dynamic Slow-Mo, кои овозможуваат фокус на најважните делови од акцијата во кадар.
Тројната камера од професионален ранг заснована врз вештачка интелигенција е дизајнирана за сите оние прилики кога корисниците сакаат да имаат поголема контрола на содржината. Системот на камерата интуитивно ја проценува и прилагодува содржината, за последната снимка да излезе совршена. Во Portrait Mode режимот на работа, камерата користи подобрена 3D анализа, што попрецизно го одделува предметот од позадината. Исто така, воведува опции за виртуелно студиско осветлување и позадински ефекти засновани на вештачка интелигенција за субјектот да се издвојува во однос на позадината. Оваа опција работи и кога станува збор за селфи фотографии. За фотографии на растојание, тука е подобрениот Space Zoom, додека новиот Zoom Lock е задолжен за намалување на ефектот на тресење на рацете и сликање на почисти фотографии при зумиеање до 30 пати на Galaxy S21 и S21+. Покрај тоа, подобрените можности за обработка на фотографии значат дека и фотографиите направени во темно опкружување ќе бидат појасни и поквалитетни.
Супериорна поврзаност и перформанси
Samsung е посветен на помагање на корисниците за да останат поврзани, а нивните податоци безбедни, на уште поудобен, персонализиран начин. Galaxy S21 обезбедува перформанси од следната генерација и непречено ги поврзува корисниците со целиот Galaxy екосистем, за да обезбеди поголема флексибилност, без оглед на дневните рутини.
Galaxy S21 го носи најновиот и најнапредниот процесор виден на Galaxy телефоните, поголема брзина, енергетска ефикасност и напредни компјутерски можности, кои поддржуваат 5G конекција и карактеристики на вештачка интелигенција. Новата S серија ја има целата моќ да обработува фотографии, да снима 8K видео и да поддржува маратонски cloud игри.
За чувствителните и лични податоци бидат добро чувани, за тоа е задолжен Samsung Knox Vault, врвната безбедносна платформа на компанијата Samsung. Со додавање на дополнителна меморија на процесорот на S21 телефонот, Samsung Knox Vault обезбедува уште еден, нов слој на заштита.
Galaxy S21 исто така претставува и нов уред за заштита на приватноста, со кој со едноставен клик се отстрануваат метаподатоците од фотографиите пред споделување. Private Share опцијата овозможува контрола над тоа кој има пристап до содржината што корисникот ја испраќа на некого и колку долго содржината ќе биде достапна.
Новата генерација на S сериите е дизајнирана за користење со други Galaxy уреди. Со помош на SmartThings Find опцијата, корисниците можат лесно да ги пронајдат своите други Galaxy уреди, дури и кога не се поврзани на Интернет. Без разлика дали изгубениот уред е оставен во друга просторија, под седиштето на автомобилот или во друг град, SmartThings Find ќе им помогне на корисниците да го пронајдат. Uz Galaxy SmartTag Bluetooth локаторот, можно е да најдете уреди и предмети што не се поврзани на Интернет. Сè што треба да направи корисникот е да прикачи SmartTag на своите клучеви или каишот на своето домашно милениче и може да го користи SmartThings Find за да ги лоцира брзо.
Оптимална Samsung Care+ поддршка
Персонализирана Samsung Care+ Pro поддршка на Galaxy S21 телефоните им дава на корисниците целосно чувство на сигурност и спокој, во форма на поддршка на клиентите преку телефон или 24/7 разговор преку пораки, поправка на екран, продолжена гаранција и осигурување во случај на неочекуван дефект. Samsung Care+ е достапен на samsung.com/samsung-care-plus/.
Достапност
Од 29. јануари 2021. година, Galaxy S21 и Galaxy S21+ ќе бидат достапни кај операторите, како и во малопродажбата, во следниве бои: фантомска сива, фантомска виолетова, фантомска бела, фантомска розова, фантомска црна и фантомска сребрена.
Galaxy S21: Фантомска виолетова, фантомска сива, фантомска розова и фантомска бела, во верзии од 128 GB и 256 GB, со 8 GB RAM меморија (верзијата од 256 GB ќе биде достапна само во фантомска сива боја).
Galaxy S21+: Фантомска виолетова, фантомска сребрена и фантомска црна во верзии од 128GB и 256GB, со 8GB RAM меморија (верзијата од 256 GB ќе биде достапна само во фантомска црна боја).
Нарачките во претпродажба ќе траат од 14 до 28 јануари 2021 година, преку следниот линк: https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-s21/. Сите корисници кои во текот на промотивниот период ќе ги нарачаат новите Samsung Galaxy S21 5G или S21+ 5G, ќе ги добијат за подарок новиот Samsung SmartTag локатор и Galaxy Buds Live безжичните слушалки.
Препорачана малопродажна цена за Galaxy S21 (5G 8/128GB) е 50.999 денари, додека препорачаната малопродажна цена за Galaxy S21+ (5G 8/128GB) ќе биде 62.999 денари.
За повеќе информации за Galaxy S21 и S21+ посетете ја www.samsung.com/global/galaxy/galaxy-s21-5g/ или https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s21-5g/.
Galaxy S21 5G | Galaxy S21+ 5G | |
Дисплеј | 6.2-инчен Flat FHD+
Dynamic AMOLED 2X Infinity-O Display (2400×1080), 421ppi, HDR10+ сертифициран Eye Comfort Shield |
6.7-инчен Flat FHD+
Dynamic AMOLED 2X Infinity-O Display (2400×1080), 394ppi, HDR10+ sertifikovan Eye Comfort Shield |
* Дијагонално мерен, екранот на Galaxy S21 5G има димензија од 6,2 “како целосен правоаголник и 6,1” кога се вклучени заоблени рабови, Galaxy S21 + 5G има 6,7 “екран како полн правоаголник и 6,5” кога се вклучени заоблени рабови; површината за гледање е помала поради заоблените рабови и дупката на камерата. | ||
Димензии и тежина | Димензии: 71.2×151.7×7.9mm
Тежина: 171g(mmWave), 169g(sub6) |
Димензии: 75.6×161.5×7.8mm
Тежина: 202g(mmWave), 200g(sub6) |
Камера | [Предна камера]
10MP Dual Pixel AF, FOV 80°, F2.2, 1.22µm [Задна камера] Трослојна камера Ultra широка: 12MP FF, FOV 120° F2.2, 1.4µm Широкоаголна: 12MP Dual Pixel AF, FOV 79°, OIS, F1.8, 1.8µm Телефото: 64MP Phase Detection AF, Hybrid Optic 3X, FOV 76°, OIS F2.0, 0.8µm 30X Space Zoom |
[Предна камера]
10MP Dual Pixel AF, FOV 80°, F2.2, 1.22µm [Задна камера] Трослојна камера Ultra широка: 12MP FF, FOV 120° F2.2, 1.4µm Широкоаголна: 12MP Dual Pixel AF, FOV 79°, OIS, F1.8, 1.8µm Телефото: 64MP Phase Detection AF, Hybrid Optic 3X, FOV 76°, OIS F2.0, 0.8µm 30X Space Zoom |
*30X Space Zoom вклучува 3x Hybrid Zoom и оди до 30x Super Resolution Zoom. Super Resolution Zoom вклучува дигитален зум што може да доведе до намалување на квалитетот на снимките. | ||
AP | 5nm 64-bit Octa-Core Processor
2.9GHz (Максимална брзина) + 2.8GHz +2.2GHz |
|
Меморија | 8GB RAM (LPDDR5) sa 128GB / 256GB внатрешна меморија | |
*Достапноста на внатрешната меморија може да варира во зависност од земјата, моделот и операторот. Количината на достапна меморија може да варира во зависност од претходно инсталираниот софтвер, земја, модел, големина на датотека и формат. | ||
Батерија | 4000mAh (типично) | 4800mAh (типично) |
*Типична вредност тестирана во лабораториски услови на трети лица. Типичната вредност е проценетата просечна вредност што го зема предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата помеѓу тестираните примероци на батерии според IEC 61960 стандардот. Проценетиот (минимален) капацитет е 3880mAh за Galaxy S21 и 4660mAh за Galaxy S21+. Траењето на батеријата може да варира во зависност од мрежното опкружување, употребата и другите фактори. | ||
Полнење | Унапредена безжична брзина на полнење со Fast Wireless Charging 2.0
USB PD 3.0 (PPS) сертифицирано брзо полнење за полнење со кабел (AFC и QC2.0 компатибилност) *WPC сертификат за безжично полнење *Wireless PowerShare |
|
*Fast Wireless Charging 2.0 е моментално достапно со Wireless Charger Stand, Wireless Charger Duo Pad и други уреди што поддржуваат безжично полнење од 10W или побрзо безжично полнење. Се продава одделно. Брзината на полнење варира во зависност од начинот на користење на уредот, условите за полнење и други фактори. Безжичното полнење бара поврзување со струја. Препорачливо е да користите кабел за полнење додека адаптерите за употреба на уреди од трети страни може да предизвикаат дефекти на Wireless charger stand уредот, Wireless charger Duo и Wireless Charger Trio уредите или да ја намалат брзината на полнење.
*Wireless PowerShare е ограничен на Samsung или паметни телефони од други брендови со Oi безжично полнење, како што се Galaxy S21, 21+, S21 Ultra, Galaxy Z Fold2, Galaxy Note20, Galaxy Note20 Ultra, Galaxy S20, S20 +, S20 Ultra, Z Flip, Note10, Note10 +, S10e, S10, S10 +, S10 5G, Fold, S9, S9 +, S8, S8 +, S8 Active, S7, S7 edge, S7 Active, S6, S6 edge, S6 Active, S6 edge +, Note9, Note8, Note FE, Note5 и носечките уреди како што се Galaxy Buds Pro, Galaxy Buds Live, Galaxy Buds, Galaxy Watch3, Galaxy Watch Active2, Galaxy Watch Active, Gear Sport, Gear S3, Galaxy Watch. Ако батеријата е помала од 30 проценти од капацитетот, Wireless Power Share не работи. Може да се случи да не работи со одредени уреди од други брендови или со некои носечките Samsung уреди. Може да влијае на приемот на податоците, во зависност од мрежното опкружување |
||
OS | Android 11 | |
Мрежа и поврзување | [5G]5G Non-Standalone (NSA), Standalone (SA), Sub6 / mmWave
[Ultra Wideband] |
|
*Брзината може да варира во зависност од пазарот, операторот и корисничкото окружување.
*Бара оптимална 5G мрежа. Брзината може да варира во зависнот од пазарот, операторот и корисничкото окружување. *Ultra Wideband поддржан на Galaxy S21+ и S21 Ultra. |
||
Плаќање | NFC, MST | |
*Достапно на одбрани пазари. | ||
Сензори | Ultrasonic Fingerprint сензор, Akcelerometar, Barometar, Gyro сензор, Geomagnetni сензор, Hall сензор
Сензор за близина, Ambient Light сензор |
|
Автентификација | Заклучување: pattern, PIN, лозинка
Биометриско заклучување: Ultrasonic Fingerprint, Препознавање на лице |
|
Звук | [Ultra високо квалитетен audio playback]
UHQ 32-bit &DSD64/128 поддршка PCM: до 32 bits, DSD: DSD64/128 *DSD64 и DSD128 playback може да биде ограничен во зависнот од формата на датотеката. [Audio playback формат] MP3, M4A, 3GA, AAC, OGG, OGA, WAV, WMA, AMR, AWB, FLAC, MID, MIDI, XMF, MXMF, IMY, RTTTL, RTX, OTA, APE, DSF, DFF [Bluetooth] Dual Audio. Scalable Codec *Два поврзани уреди можат да покажат мала разлика во квалитетот на звукот. *Достапно само за одредени Samsung уреди, како Galaxy Buds Pro, Galaxy Buds Live, Galaxy Buds. [Снимање на звук] Снимањето на звук е унапредено со помош на High AOP Mic кој ја минимизира дисторзијата и звук од окружувањето. *AOP: Acoustic Overload Point |
|
Видео | [Video playback формат]
MP4, M4V, 3GP, 3G2, WMV, ASF, AVI, FLV, MKV, WEBM [TV поврзување] Безжично: Smart View (screen mirroring 1080p и 30 fps) Кабловско: поддржува DisplayPort преку USB type-C. Поддржува video out кога се поврзува со HDMI адаптер. (DisplayPort 4K UHD и 60 fps) |
|
Водоотпорност | IP68 | |
*IP68 е заснован на тест во услови на испитување на потопување во вода до 1,5 метри во траење од 30 минути. Не се препорачува употреба на плажа или базен. |